[ФОТО] Картата на Европа предизвика бурна дискусија – над Македонија бројот 68: „Тенџерето на мајка ми е виновно за тоа“

Кармин

08/05/2026

14:35

969

Големина на фонт

а а а

Во последните денови на социјалните мрежи повторно е актуелна карта од Европа и светот која предизвика полемика меѓу корисниците.

Како што наведуваат нејзините автори, на неа се прикажува просечната тежина на жената пресметана во килограми, а основана на национални податоци од периодот 2001-2020 година.

Виновник е домашната кујна

Особено внимание привлекла оваа мапа меѓу корисниците на „Reddit“ каде се развила бурна дебата за тоа колку податоците се точни и дали се прикажува реалната состојба во земјите во ЕУ.


Многумина сметаат дека податоците се неточни и дека треба да се користат „попрецизни статистики“, додека други коментирале дека Балканците очигледно се меѓу „побуцкастите“.

Одредени корисници за сѐ ја обвиниле „домашната и традиционална кујна“.

Имало и такви на кои не им биле јасни податоците за Велика Британија.

„Како може ова да е точно? Просечната тежина на жените во Велика Британија сигурно не е помала отколку на Балканот. Тој којшто живеел таму знае дека ситуацијата е многу поблиска до Америка отколку до останатиот дел од Европа. Може ли извор на податоци? Ако се користени податоци од распон од 20 години, треба да постојат подетални анализи и пресметки“, напишал еден корисник.

За други толкавиот број килограми не бил страшен

Други укажале дека самата тежина без просечна висина на жената нема многу смисла, а имало и такви кои се обиделе да објаснат колку често се греши во процената на тежината.

„Мислам дека многу преценуваат како изгледа во реалност 75 килограми, а потценуваат како изгледа 50 килограми на жена со просечна висина од 167 сантиметри. Прашајте ги жените околу себе колку килограми имаат и ќе се изненадите“, напишал некој корисник.


Се дискутирало и за тоа што денес значи „нормална“ тежина

„За некој 75 килограми не е страшно. Не е идеално, но не е ниту страшно. Исто така треба да се разбере дека ни 50 килограми не е реално ниту здраво за многу жени“, навел еден корисник.

Секако, не недостасувал ниту хуморот, па одредени луѓе ја повторувале реченицата: „Домашната кујна и тенџерето на мајка ми е виновно за тоа“.

Напоменуваме дека податоците денес веројатно изгледаат поразлично со оглед на тоа што мапата го опфаќа периодот заклучно со 2020 година.

Мапата е објавена на интернет станицата „w3ask.com“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk