Ѕвезда на Реал итно префрлена во болница: Соиграч го онесвестил со тупаница, испливаа детали

Точка

07/05/2026

21:02

1.398

Големина на фонт

а а а

Целосен хаос владее во Реал Мадрид, а сега се појавија и детали за физичката пресметка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Уругваецот по ударот од Французинот паднал во бессознание и морал итно да биде хоспитализиран.

Веќе неколку дена трае вистински хаос во таборот на „кралскиот клуб“, а откако Валверде и Чуамени влегле во конфликт на тренингот во средата, ситуацијата целосно ескалирала во четвртокот.

Наводно, Французинот жестоко стартувал над Валверде на тренинг, што Уругваецот сериозно му го замерил.


На почетокот од денешниот тренинг, Валверде силно го оттурнал Чуамени, покажувајќи дека не ги заборавил случувањата од претходниот ден.

Тренерот Алваро Арбелоа се обидел да го смири конфликтот така што ги ставил во ист тим, но ниту тоа не помогнало за намалување на тензиите, бидејќи двајцата продолжиле со расправиите.

Сè кулминирало по тренингот во соблекувалната, кога дошло до жестока тепачка, а останатите фудбалери не успеале да ги раздвојат пред веќе да биде направена штета.


Според информациите, Чуамени практично го нокаутирал Валверде, кој паднал на подот со раскрвавена глава и останал без свест.

Тој итно бил префрлен во болница во придружба на тренерот, а на фудбалерите извесно време им било забрането да го напуштат стадионот.

Реал Мадрид донел одлука да ги казни двајцата фудбалери, а во наредните денови ќе биде познато и на кој начин ќе бидат санкционирани.