Вардар 1961 го декласира Еурофарм Пелистер и ја обезбеди шампионската титула

Макфакс

07/05/2026

21:12

250

Големина на фонт

а а а

Вардар 1961, вечерва во својот дом, стави крај на три годишната доминација на Еурофарм Пелистер во македонскиот ракомет. Црвено-црните го декласираа најголемиот ривал, во рамките на 29-то коло со 34-19 (18:12), со што во голем стил ставија печат на 17-та титула во клупската историја.

Вардар 1961 го декласира Еурофарм Пелистер како ретко кога, во играта не се почувствува заморото од исцрпувачкиот натпревар со Монпелје пред 48 часа. Прашањето околу конечниот победник не беше во прашање во ниту еден момент.

Имаа црвено-црните шест гола предност по првиот дел, а натпртеварот го завршија на 20 минути до крајот кога стекнаа двоцифрена предност.

Митровиќ со седум и Малус со пест гола го предводеа Вардар 1961.

Инаку, Вардар 1961 ја комплетира двојната круна, откако претходно против ГРК Охрид го освои и Купот на Македонија