Пакомак е еко лидер, но за чиста животна средина потребно е повеќе да се селектира, но и да има повеќе контејнери

Точка

07/05/2026

17:38

129

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 15 години Пакомак ја предводи иницијативата за почиста и поздрава животна средина, преку поставување на контејнери за амбалажен отпад и Повратни вендинг машини, собирање и селектирање на отпадот, но и постојана комуникација во насока на создавање на еко навики. Статусот на Пакомак како еко лидер е прилично објективен и тоа не е нова вест. Но сепак, и понатаму се соочуваме со прашањето „Зошто тогаш работите не се УШТЕ подобри?“. Одговорот е прилично едноставен...

Пакомак поставува добар пример за тоа како треба да се постапува со отпадот кој го создаваме и како треба да се грижиме за животната средина, а со активностите и иницијативите кои ги презема се наметнува и како еко лидер во нашата заедница. Но, клучот за чиста и здрава животна средина е сите да го следат добриот пример, да ги прифатат еко вредностите како дел од својот секојдневен живот и да започнат редовно да го селектираат и правилно да го одложуваат отпадот. Бидејќи чистата животна средина е наша гордост, но и лична одговорност на секој еден од нас. Потребна е поголема масовност во селектирањето на амбалажниот отпад, но и повеќе контејнери за негово селективно одложување. За жал уште сме сведоци на преполни контејнери, но и на недостиг на контејнери во одредени градски реони (каде бројот на згрдаи и жители се зголемил, а бројот на контејенри останмал ист), но и на недоволен број на подземни контејнери. Експертите исто така советуваат и кога се одлага амбалажниот отпад, тој да се компресира, и така да с еодложува за да не зафаќа премногу место во контејнерите.


Пред 15 години, контејнерите на Пакомак започнаа да се појавуваат во урбаните средини во земјата, за денес – да бидат практично на секој чекор. Жолтите контејнери за пластика, сините контејнери за хартија и зелените игло-контејнери за стакло станаа препознатливо обележје на улиците и тротоарите ширум земјата.


Во 2021 почна и поставувањето на Повратните вендинг машини (ПВМ) – најсовремениот систем за селективно одложување на амбалажниот отпад, кој ја наградува активноста на граѓаните преку „зелените поени“ кои можат да се искористат за плаќање на сметки, попусти и донации преку мобилната апликација ЕкоМак. Овој проект Пакомак го реализира со поддршка од Швајцарската Амбасада, на тој начин остварувајќи значајна интернационална соработка која носи придобивки за целото општество. Како компанија чија основна дејност е силно поврзана со еко вредностите, Пакомак предводи значајни еколошки иницијативи, активно работи на подобрување на отпадната инфраструктура, поставува нови контејнери и го собира амбалажниот отпад, го организира процесот на секундарно селектирање и претставува најголем управувач со отпад на територијата на Македонија.


Кога Пакомак започна со работа во 2011 година, стапката на рециклирање преку системот на компанијата беше 12,8% во однос на тоа колку компаниите-членки пријавиле дека пуштиле амбалажен отпад на пазарот. Во последните три години стапката на рециклирање е редовно над 65% - или поедноставно кажано – секоја година се собираат и рециклираат над 30.000 тони амбалажен отпад. Напредокот е видлив, а редовните истражувања кои ги спроведува Пакомак потврдуваат дека еко-свеста кај Македонците е во пораст. А сепак, може да биде и подобро...


За да функционира еден општествен систем потребна е поддршка од сите негови учесници, затоа што уредено општество не се создава само со формални закони и права, туку со нивна доследна примена во секој сегмент од системот, во институциите, во секојдневните одлуки и во однесувањето на секој поединец. Само тогаш правилата стануваат навика, а вредностите реалност. А кога еко вредностите ќе станат темел на заедницата, тогаш ќе биде остварена и визијата на Пакомак за создавање на општество со здрави навики. Ова нека биде потсетник дека секој може да направи разлика за себе и за својата заедница.