[ФОТО] Помина 500 дена сама во пештера без контакт со луѓе: Еве што правела кога слегле да ја извлечат

Точка

07/05/2026

18:30

1.032

Големина на фонт

а а а

Шпанката Беатрис Фламини постави светски рекорд со престој од 500 дена во пештера, соочувајќи се со бројни предизвици за време на изолацијата.

Шпанката Беатрис Фламини поминала неверојатни 500 дена сама во пештера на 70 метри под земја, со што поставила светски рекорд. Кога во април 2023 година конечно излегла на дневна светлина, открила дека еден од најтешките моменти за неа бил токму напуштањето на подземното засолниште во кое го прославила и својот 50-ти роденден. Нејзината приказна, која тогаш го обиколи светот, повторно го привлече вниманието на јавноста.


Научен експеримент во целосна изолација

Фламини, искусна алпинистка и екстремна спортистка, влегла во пештерата во близина на Гранада во ноември 2021 година како 48-годишна жена.

Нејзиниот престој бил дел од научен проект кој ги следел ефектите од долготрајната изолација и дезориентација врз човечкиот ум и тело. Иако постојано била под надзор на научници, немала никаков човечки контакт, а во пештерата немало ниту сигнал за мобилен телефон.


За време на речиси двете години поминати далеку од цивилизацијата, се соочила со различни предизвици, како наезда од муви, но изненадувачки, тоа не ѝ паднало најтешко.

Многу поголема непријатност, како што самата кажала, почувствувала во моментот кога морала да ја напушти пештерата. Времето под земја ѝ минувало толку поинаку што мислела дека се случил некаков проблем, а не дека нејзиниот подвиг завршил.

„Спиев, или барем дремев, кога слегоа по мене. Помислив дека нешто се случило. Реков: ’Зар веќе? Нема шанси. Не ја завршив книгата‘“, раскажала таа за медиумите.


Излегување пред новинарите наместо под туш

По толку долго време поминато во самотија, не добила можност постепено да се врати во секојдневниот живот. Веднаш по краток лекарски и психолошки преглед, била одведена на прес-конференција која траела речиси еден час.

Тоа, признала, воопшто не го очекувала и токму затоа излегувањето тешко ѝ паднало.

„Очекував да излезам и да се истуширам. Не очекував дека ќе има толку голем интерес“, им рекла на насобраните новинари само неколку моменти по излегувањето од пештерата.


Тајната на преживувањето

За целосно да му се посвети на експериментот, Фламини му наложила на својот тим да не ѝ пренесуваат никакви вести од надворешниот свет, дури ни во случај на смрт на член од семејството.


А како издржала толку долго?

„Навистина добро се согласував сама со себе“, едноставно објаснила таа.

Толку добро се прилагодила што веќе по 65-от ден целосно изгубила чувство за време и денови.

Времето го поминувала читајќи, а прочитала вкупно 60 книги. Освен тоа, пишувала, цртала и плетела.

Нејзиното искуство како екстремна спортистка и планинарка сигурно ѝ помогнало овој неверојатен предизвик да го изведе речиси беспрекорно.