Одделот за наследство на „Audi“, „Audi Tradition“, претстави верна реконструкција на легендарниот автомобил наречен „Lucca“ – специјално обликувана верзија на тркачкиот автомобил „Auto Union Type A“, кој во 1935 година, во близина на италијанскиот град Лука, достигнал неверојатни 327 километри на час и го соборил тогашниот рекорд на Рудолф Карачола поставен со „Mercedes-Benz“.
Бидејќи судбината на оригиналниот автомобил не е позната, а многу возила на „Auto Union“ исчезнале за време на војната во Русија, задачата за реконструкција од нула им била доверена на британските експерти од компаниите „Crossthwaite and Gardiner“.
Процесот на изработка траел три години, а тимот најмногу се потпирал на оригинални фотографии поради недостиг на архивска документација.
Резултатот е автомобил со впечатлив аеродинамичен дизајн, со покриени тркала и заден дел кој се стеснува во остар врв.

Реконструкцијата вклучува и неколку подобрувања – унапреден систем за вентилација, како и мотор надграден на 6,0 литри и 520 коњски сили.
„Lucca“, кој тежи само 960 килограми, ќе биде претставен пред јавноста на Фестивалот на брзината во Гудвуд во јули.






