Раскол во Реал: Шест играчи не сакаат да зборуваат со Арбелоа

Дерби

07/05/2026

15:00

250

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј и тоа ќе се случи втора година по ред, факт кој носи голема нервоза, но и тензии во клуб со големина како оној од шпанската престолнина.

Во изминативе неколку дена, Реал се подготвува за големото „Ел Класико“ дерби на кое Барселона може да ја завери шампионската титула во Ла Лига, а увертирата за овој дерби натпревар не е воопшто добар со оглед на информациите кои излегуваат од соблекувалната.

Вчера „Марка“ објави дека Феде Валверде и Орелијан Чуамени имаше физички контакт на тренингот и биле раздвојувани од соиграчите, претходно конфликт имаа и Алваро Карерас и Антонио Ридигер, но како што тврди „Марка“, атмосферата е далеку полоша од тоа што се мисли.

Угледниот весник открива дека има неколку кланови во соблекувалната во овој момент, а еден од нив е оној што не сака да комуницира со тренерот Алваро Арбелоа.

Алваро пристигна со цел да ја спасува сезоната на „кралскиот клуб“, но наместо тоа, остана надвор од игра во сите најважни натпреварувања, а во меѓувреме успеа да разлути и неколку ѕвезди.

„Марка“ открива дека шест првотимци не сакам да му прозборат збор на тренерот кој ги брои своите последни денови во клубот како шеф на стручниот штаб, па иако во веста не се именувани споменатите ѕвезди, се верува дека во преден план се Дани Карвахал и Дани Себалјос.