Разочараниот Кејн избра благ фаворит за финалето во ЛШ

Дерби

07/05/2026

15:19

233

Големина на фонт

а а а

Изразот на Хари Кејн по полследниот судиски свиреж во Минхен отсликуваше јасна фрустрација и разочарување од елиминацијата во полуфиналето, а напаѓачот на Баерн не го криеше таквото чувство и во обраќањето пред новинарите.

Најдобриот голгетер на баварците постигна гол во самата завршница, но тоа беше само за да се ублажи поразот во двомечот со актуелниот европски шампион, кој на 30-ти мај ќе игра ново финале во најелитното натпреварување.

– Во овој момент преовладува само разочарување. Бевме екстремно блиску и затоа ова посебно боли. Сонувавме да ги освоиме сите титули, овој тим е доволно добар за да го направи тоа. Токму поради силата која ја покажавме, овој пораз ќе боли некое време, – изјави Хари Кејн.

Англискиот напаѓач не сакаше да зборува премногу детално за судиските одлуки кои одеа на штета на Баерн, но затоа во интервјуто за „ТНТ Спортс“ избра благ фаворит за големото финале меѓу ПСЖ и Арсенал.

– Финале е финале, мислам дека ќе биде доста изедначено. Станува збор за два сосема различни тима, сосема различни концепти. Очекувам интересно финале, но како актуелен шампион и поради искуство на вакви натпревари, сметам дека ПСЖ е благ фаворит. Севкупно гледано, очекувам тесна пресметка од два топ тима и крајно неизвесен меч, – изјави Кејн.