Компани за „фантомската рака“ која ги разлути Баварците: Судијата се откажа од првичната намера само поради едно нешто

Дерби

07/05/2026

14:58

174

Големина на фонт

а а а

Венсан Компани не успеа да го одведе Баерн Минхен во финалето во Лигата на шампиони и тоа го доживеа како големо разочарување, исто како што е случај и со фановите на клубот кои се надеваа на импресивна триплета.

Баерн одигра 1:1 против ПСЖ на натпревар на кој имаше и неколку спорни ситуации, а посебно во фокусот се најдоа две играња со рака, кои сепак не беа сигнализирани од главниот судија на натпреварот.

Жоао Пинеиро не досуди пенал поради очигледно играње со рака на Жоао Невеш, но исто така не му покажа ниту црвен картон на Нуно Менедеш поради играње со рака кога веќе имаше жолт картон.

– Дадовме сè од себе, сакавме да одиме докрај, но на вакви натпревари одлучуваат ситните детали. Мора да погледнеме некои детали, а според нив, судиите одлучија во пресудни моменти на двата меча. Не треба да служи како изговор, но тоа имаше влијание врз резултатот. Како да имаше некоја рака која постојано му даваше нешто на нашиот ривал.

– Мислев дека го разбирам правилото за играње со рака, но изгледа не е така. На првиот меч во Париз, досудија пенал за Дејвис откако топката прво му удри во тело. Во втората ситуација сега во Минхен, раката на Невеш беше целосно испружена и топката го погоди во рака. Поради тоа што топката дошла од негов соиграч, тоа не е пенал. За мене ова е смешно и бесмислено. Ако ги погледнете двете ситуции со здрав разум, ќе сфатите дека е грешно, – изјави Компани, кој се огласи и за „фантомската рака“ на Лајмер.

Имено, судијата Пинеира не му покажа втор жолт картон на Мендеш поради наводно играње со рака на Лајмер во зачетокот на акцијата, но ниту една телевизиска камера не покажа такво нешто.

– Што се однесува до вториот жолт картон кој не му беше досуден на Мендеш….. Да бидам искрен, мислев дека судијата тргна да дава опомена, но на крајот се откажа поради тоа што сфати дека Мендеш веќе има жолт картон. Не го исклучи само поради тоа. Јас проверив неколку агли од ситуацијата на Лајмер и не гледам дека Конрад играл со рака. Тоа значи дека судијата не донесе правилна одлука, – изјави Компани.