Терор во зграда во Центар: Две лица запалиле пожар и им ја краделе поштата на станарите

Макфакс

07/05/2026

14:22

256

Големина на фонт

а а а

Станарите во зграда на улица „11 Октомври“ во Центар, во Скопје, доживеале вистински терор од страна на две лица. Последно, тие предизвикале пожар, во кој за среќа нема повредени.

Според информациите на МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје.

Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња.

Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.