Уапсени 18 возачи – 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана

Макфакс

07/05/2026

15:13

154

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана, соопшти МВР.

Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во крвта. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.