Кривична пријава за родители од Кичево, дозволиле нивната малолетна ќерка да живее со 18-годишник

Макфакс

07/05/2026

14:21

173

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Кичево кои дозволиле нивното малолетно дете да живее со 18-годишник од Велес.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против И.А. (40) и А.М. (33), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Во текот на месец април 2025 пријавените, со нивно знаење и согласност, дозволиле нивното дете да живее вонбрачно со 18-годишник од Велес.