Илон Маск и „Антропик“ со неочекувано партнерство и покрај меѓусебните напади

Макфакс

07/05/2026

13:29

124

Големина на фонт

а а а

Компанијата за вештачка интелигенција Anthropic (Антропик) ќе добие пристап до огромна компјутерска инфраструктура поврзана со Илон Маск, во изненадувачка соработка меѓу двата ривали во трката за доминација во вештачката интелигенција.

Според договорот, „Антропик“ ќе го користи целосниот капацитет на дата-центарот „Колосус 1“, управуван од „Спејс Икс“, кој е интегриран во АИ проектот xАИ на Илон Маск. Со тоа компанијата добива пристап до повеќе од 220.000 „Нвидија“ АИ чипови.

Двете компании се директни конкуренти, бидејќи xAI го разви четботот „Грок“, додека „Антропик“ стои зад системот „Клод“. Истовремено тие се натпреваруваат и со „Опен АИ“, каде еден од коосновачите бил Маск.

Иако Маск претходно остро ја критикуваше „Антропик“, сега изјави дека бил импресиониран по разговорите со нивниот извршен директор Дарио Амодеи, и дека соработката е дел од привремено решение.

Маск најави и дека xAI ќе се интегрира во нова структура наречена „СпејсИксАИ“, додека „СпејсИкс“ и „Антропик“ разгледуваат и проекти за дата-центри во вселената.

„Антропик“ истовремено се соочува и со спор со американската влада, а има и нов модел „Клод Митос Превју“, кој открива безбедносни ранливости во софтвер.