Минималистичките сандали со тенки ременчиња, познати како „floss“ сандали, се враќаат во голем стил и ќе доминираат ова лето.
Нивниот адут е едноставен: визуелно ги издолжуваат нозете и ја подобруваат секоја модна комбинација.
Модата во последните сезони си поигрува со носталгијата, спојувајќи ја естетиката на 80-тите и 90-тите во уникатен визуелен микс. Во такво опкружување и обувките го следат истиот ритам, од балетанки до класични салонки. Но, еден модел особено се издвојува и веќе ги освои модните инсајдери, а станува збор за „floss“ сандалите.

Називот „floss“ доаѓа од англискиот израз за забен конец, што доволно говори за нивниот дизајн. Станува збор за модели со исклучително тенки, речиси невидливи ременчиња кои го обвиткуваат стапалото, глуждот или горниот дел од стапалото, оставајќи го речиси целосно откриено.
Токму таа откриеност на стапалото го создава клучниот ефект – нема визуелни прекини, па нозете изгледаат подолги и повитки. За разлика од вртоглаво високите потпетици, овие сандали често доаѓаат со умерени потпетици, како „kitten“ потпетици, пониски блок-потпетици или удобни платформи.
Враќање на трендот од 90-тите
Иако корените ги влечат од доцните 90-ти и раните 2000-ти, кога ги носеле модни икони како Кејт Мос или ликот Кери Бредшо, „floss“ сандалите тогаш немаа официјален назив, а популарноста каква што ја имаат денес почна да се развива дури во 2018 и 2019 година.
Новиот замав трендот го доби со колекциите на големите модни куќи, а модната писта за оваа пролет/лето го потврди нивниот статус. Различните варијации – од модели со квадратен врв до оние со тенки Т-ременчиња – јасно покажуваат дека станува збор за едно од клучните парчиња на сезоната.
Зошто модните познавачи ги обожаваат?
Главната причина за нивната популарност лежи во функционалноста. Трендови како бермуди, широки кроеви и капри модели често визуелно ја скратуваат фигурата, а „floss“ сандалите го решаваат тој проблем бидејќи не ја прекинуваат линијата на ногата и овозможуваат облеката да дојде до израз.

Освен тоа, станува збор за исклучително разновиден модел: лесно се комбинира со речиси сите парчиња, од ленени миди-фустани и бермуди до тексас и вечерни комбинации во црна боја. Неговата едноставност го прави идеален избор за дневни и вечерни пригоди.
Модели што ќе се распродадат пред летото
Понудата за сезоната 2026 е исклучително разновидна. Неутралните нијанси како беж, кафеава, црна или боја на кожа остануваат најсигурен избор бидејќи го нагласуваат ефектот на издолжени нозе, а за посмели комбинации тука се и варијантите во црвена или електрично сина боја.



Што се однесува до формата, доминираат моделите со ременче меѓу прстите, вкрстени ременчиња или Т-конструкција. Најбарана висина на потпетицата е „kitten“, меѓу три и 5,5 сантиметри, а платформите се враќаат како удобна алтернатива.














