Психологинка тврди: Лажењето за едно нешто може да го уништи бракот повеќе од прељуба

Кармин

05/05/2026

14:00

668

Големина на фонт

а а а

Кога во врската недостасува искреност за парите, доаѓа до финансиско неверство – криење, лажење или тајно трупање пари, што може да биде еднакво болно како и прељубата.

Ваквите ситуации често ја нарушуваат довербата и чувството на сигурност во односот. Проблемите со финансиите неретко се претвораат во подлабоки емоционални конфликти. Токму затоа советниците предупредуваат дека оваа тема не смее да се игнорира.


Клиничката психологинка д-р Венди Волш предупредила дека лажењето за пари може да му нанесе поголема штета на бракот отколку прељубата. „Опасноста од финансиско неверство е многу поголема и може да има подолгорочни последици за нив и за нивните деца“, истакнала таа, пренесе „YourTango“. Откритието дека партнерот/партнерката не бил/а искрен околу финансиите може целосно да ја разниша довербата. Таквото предавство често остава подолготрајни последици од романтичното неверство.

„Важно е да се биде искрен“

Првиот чекор во решавањето на проблемот е признание и отворен разговор. Истражувањата покажуваат дека многу парови се соочуваат со тајни поврзани со парите, па затоа е важно на темата да ѝ се пристапи смирено и без обвинувања. Ако партнерот/партнерката ја признае грешката, потребно е јасно да се постават граници и да се работи на промена на однесувањето. Како што наведуваат советниците и брачниот пар Тејлор и Меган Ковар, „важно е да се биде искрен, но и подготвен да се работи на простување“.


Следниот чекор е воведување нови финансиски навики и подобра комуникација. Тоа вклучува поголема транспарентност, заедничко управување со парите и јасни правила за трошење. Тејлор и Меган нагласиле дека „отворената комуникација за финансиите спречува ненадејни и непланирани задолжувања“. Ако ситуацијата е сериозна, се препорачува и помош од стручно лице, со истовремено негување на односот и препознавање на напредокот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk