[ВИДЕО] Гибс-Вајт и Санчез имаа тежок судир на „Стемфорд Бриџ“, играчот на Нотингем заработи ужасна расекотина

Дерби

05/05/2026

07:46

336

Големина на фонт

а а а

Челси продолжи да ги разочарува своите фанови и претрпе шести пораз во низа во Премиер лигата, овојпат од „давеникот“ Нотингем Форест кој оствари значајна победа на „Стемфорд Бриџ“.

„Шумарите“ играат во извонредна форма во последно време и тоа го потврдија со три гола во мрежата на „сините“, па иако на крајот примија еден, победата од 1:3 ги носи чекор поблиску до опстанок.

Нотингем успеа да слави и покрај тоа што одмораше дел од најважните фудбалери за реваншот со Астон Вила во Лигата на Европа, а токму еден од „џокерите“ кои влегоа од клупата забележа ужасна повреда.

Гибс-Вајт влезе во второто полувреме и асистираше при голот за 0:3, но потоа во 66-та минута мораше да побара измена поради тоа што целиот беше облеан во крв.

Фудбалерот на Нотингем имаше тежок судир со Роберт Санчез и двајцата завршија со конци на главите, а мораа и да го напуштат теренот поради тоа што не можеше да биде сопрена крвта.

Двајцата беа заменти по тешкиот судир, а Гибс-Вајт го извлече подебелиот крај со голем број конци на лицето.

Со конци заврши и Санчез, но и самиот заклучи дека прошол подобро од својот ривал од спротивната страна.