Коби Мејну си ја врати кариерата на вистински пат со Мајкл Карик како менаџер на првиот тим, па така од играч кој беше пред заминување на позајмица, се претвори во клучна алка во тимот, а се избори и за нов договор.
Во најавата за дербито со Ливерпул, Мејну доби награда и нов договор од клубот до 2031-ва година, а судбината посака Коби да го постигне првиот гол во Премиер лигата по пауза од две години вчера на „Олд Трафорд“.
Младиот играч за врска го постигна одлучувачкиот гол за победа од 3:2, па иако неговата форма е во нагорна линија, Рој Кин смета дека има еден елемент во кој Коби не може да напредува.
– Сè уште не сум целосно задоволен од Коби. Мислам дека е добар млад играч, но тој сè уште е дете и одиграл само 70 натпревари за првиот тим на Јунајтед. Очигледно е дека беше вклучен и во репрезентацијата на Англија, но се уште не сум убеден дека е играч за големи дострели. Јас сум строг критичар на игграчите од средниот ред, прво и основно поради тоа што бев многу самокритичен кон себе. Сè уште мислам дека ова дете треба да направи многу повеќе од тоа што прави.
– Последниве неколку месеци беа многу добри за него. Млад играч во голем клуб, се најде во ситуација да мисли на заминување, на јас секогаш велев дека треба да остане. Подобро е да останете, да учите и да ги гледате поискусните. Во фудбалот има и лоши искуства, овие шест месеци мислам дека се поважни за него од моментот кога влезе во првиот тим.
– На еден начин, се најде во ситуација да мора да дипломира на потешкиот начин. Мораше да го научи занаетот за да го добие својот нов договор. Тој е млад играч, сè уште учи и има многу години пред да го достигне својот врв во кариерата. Гледам само еден проблем во неговата игра, а тоа е експлозивноста и брзината. Не знам дали можеш да се подобриш во нешто што го немаш од стартот, – вели Кин.






