[ФОТО] Ни по осум операции не се откажува од потпетиците: Бестрашната Линдзи Вон ги воодушевила сите

Точка

02/05/2026

14:29

365

Големина на фонт

а а а

Линдзи Вон се појавила во Њујорк и покажала дека е неуништлива и покрај страшната повреда што ја доживеала на изминатите Зимски олимписки игри во Милано и Кортина.

Славната спортистка гостувала во емисијата „CBS Mornings“ за отворено да зборува за тешкото закрепнување по застрашувачкиот пад на овогодишните Зимски олимписки игри.

Иако од студиото излегла на патерици, покажала завиден напредок воодушевувајќи ги сите во впечатлива црвена комбинација со црн градник. Сакото со металик детали го носела откопчано, а не се откажала ниту од високите потпетици, со што дополнително ја нагласила својата желба да го задржи стилот и додека сè уште закрепнува.


Од несреќата на спустот во февруари, кога само неколку секунди по стартот се здобила со комплицирана скршеница на левата нога, таа веќе имала осум операции.

Во разговор за АП, признала дека во тој момент опасноста да ја изгуби ногата била многу реална. Екстремната болка што тогаш ја чувствувала, како што рекла, не може да се спореди со ништо што претходно го поминала.


На тренинзи нема да се врати пред 2027 година, а за својата иднина на патеката не сака да шпекулира. Како што рекла за таква одлука сè уште не е емотивно подготвена.