Колку пати сте ја наполниле машината за перење алишта, сте ја наместиле на програма на 40 степени и сте биле сигурни дека ја правите вистинската работа?
Тоа е навика на поголем дел од луѓето, меѓутоа токму во таа рутина се крие една од најчестите грешки која секој месец може да ве чини повеќе отколку што мислите.
Вистината е едноставна – пониската температура често дава ист ефект, но трошите значително помалку енергија.

Иако 40 степени се смета за стандард, перењето на 30 степени троши дури околу 38 отсто помалку енергија, а во многу случаи дава речиси исти резултати.
Тоа значи дека поголем дел од секојдневната облека – маици, кошули, лесно носена гардероба, не бара повисока температура.
Освен заштеда, перењето на 30 степени Целзиусови има една важна вредност, ја чува бојата и влакната на облеката, па таа подолго време ќе изгледа како нова.
Ако облеката е малку валкана, дури и перењето на 20 степени Целзиусови може да биде целосно доволно.
Оваа опција е особено корисна за чувствителните материјали како свила, волна и чипка, но и за сите кои сакаат дополнително да заштедат затоа што со намалување на температурата од 40 на 20 степени потрошувачката на енергија може да се намали и до 62 степени.
Сепак, треба да знаете дека пониската температура не е идеална за отстранување тврдокорни дамки.
Постојат ситуации кога пониската температура не е доволна:
40 степени – за тврдокорни дамки и стандардно валкани алишта;
60 степени – за пешкири, постелнина и работи кои бараат подобра хигиена;
90 степени – само за исклучително издржлива ткаенина и специфични случаи.
За отстранување бактерии перењето на 60 степени е оправдано и тоа со квалитетен детергент.

Најчестата грешка не е изборот на температура туку во тоа што бираме да го правиме автоматски.
Секое парче облека има свои потреби, а вистинскиот избор зависи од материјалот и степенот за флеки.
Заклучок:
20 степени – за малку валкана и чувствителна облека;
30 – најдобар баланс меѓу чистотија и заштеда;
40 – за поголеми флеки;
60+ - за хигиена и бактерии.