Славната Шехерзад со искрено признание: „Плачев од глад за да ослабам, а операцијата беше само шега“

Кармин

30/04/2026

09:55

818

Големина на фонт

а а а

Турската актерка Бергузар Корел, најпозната на домашните гледачи по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, деновиве повторно е во центарот на вниманието поради нејзината искрена исповед за борбата со тежината и јавниот притисок.

Во долга објава на социјалните мрежи, таа отворено призна дека порано плачела од глад за да ослабе, а истовремено била исмејувана на насловните страници за нејзиниот изглед по породувањето.


Наместо гламур и совршени фотографии, актерката откри колку бил болен патот до нејзината „идеална фигура“, од строги диети и постојано чувство на вина, до фактот дека верувала дека публиката ќе ја прифати само кога „ќе се врати на старото јас“.


Нејзината иронична изјава за „операцијата за намалување на желудникот“, како што разјаснила, била само шега на сметка на постојаниот јавен притисок поради нејзиниот изглед. Корел нагласила дека нејзината трансформација е резултат на одрекување, притисок, но и желба повторно да го засака сопственото тело.

Здрав начин на живот

Според неа, патот до нејзината сегашна фигура бил сè освен лесен – барал голема самодисциплина и одрекување. Актерката раскажала како со месеци живеела под строг режим на вежбање и исхрана, а во најтешките моменти, како што рекла, буквално знаела да заплаче од глад.


Заедно со сопругот, Халит Ергенч кој се прослави со улогата на Сулејман Величествениот одлучиле да се посветат на здрав начин на живот, направиле сопствен план и успеале заедно да ослабат дури 21 килограм (таа 7, а тој дури 14 килограми).


Менито им е базирано на сирова и минимално преработена храна. Кога имале потреба за слатки, консумирале „здрави“ десерти од мента, портокал, какао и урми, а нивните заеднички резултати јасно покажуваат како со конзистентност и добар план може да се дојде до видливо поздрав и посвеж физички изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk