Луис Енрике се „чука во гради“, Компани порачува: Бранителот на титулата може да зборува сè што ќе посака

Дерби

28/04/2026

16:16

229

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике важи за тренер кој има огромна самодоверба и кој максимално верува во квалитетите на својот тим, па како човек кој му ја донесе првата титула на ПСЖ во Лигата на шампионите, тој поставува високо скалило за секој нареден предизвик во кариерата.

Лучо уште на стартот на сезоанта нагласи дека нема поголем фаворит од ПСЖ за нов трофеј во Лигата на шампионите, а до тој став се држи и во пресрет на двомечот со Баерн Минхен во полуфиналето.

Во најавата за првиот меч во Париз, шпанскиот стручњак нагласи дека не постои подобар тим од ПСЖ во овој момент, па иако нагласи дека Баерн игра поконстантно, дополни дека неговиот тим ќе оди на две победи во двете пресметки.

„Чукањето во гради“ од Луис Енрике е нешто на што навикна европската јавност, но тоа не предизвикува страв кај Венсан Компани, кој верува дека неговиот Баерн ќе успее да го демантира противничкиот тренер.

– Според мене, бранителот на титулата има право да зборува што сака. Ние сме во улога на ловци, се бориме за титулата која ја освои ПСЖ минатата година. Тие го заслужуваат секој збор за пофалба, но ние го сакаме тоа што го поседуваат тие. Гладни сме за трофејот, а сега не чека првата од двете битки. Ќе има втор натпревар во Минхен и се надевам дека ќе излеземе како подобри од двата дуели. Се надевам дека ќе покажеме дека сме подобар тим во моментов, – изјави Компани.