[ВИДЕО] Таткото на Макс Верстапен имал тешка несреќа, автомобилот е уништен

Точка

27/04/2026

22:01

400

Големина на фонт

а а а

Таткото на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доживеа тешка несреќа за време на рели во Белгија.

Јос Верстапен настапи на "Rally Wallonie", каде во неделата наутро изгубил контрола над својот автомобил и со голема брзина удрил во дрво.

Неговиот автомобил претрпел сериозни оштетувања, а снимките од местото на несреќата откриваат дека предниот дел е целосно уништен. И покрај драматичните сцени, 54-годишниот Верстапен и неговиот совозач поминале без повреди.

Организаторите набргу потврдиле дека екипажот е добро, но дека автомобилот е целосно неупотреблив, поради што Верстапен морал да се повлече уште по првата брзинска етапа.

Ова не е првпат Верстапен да има незгода – минатата година доживеа несреќа на рели во Шведска, кога пребрзо влезе во кривина и заврши во канал по превртување на автомобилот.

Поранешниот возач на Формула 1, кој во кариерата има извозено 107 трки, и понатаму е редовно присутен во моторспортот, каде внимателно ја следи кариерата на својот син Макс Верстапен.

За среќа, оваа тешка несреќа заврши без повредени, но сцените од релито уште еднаш потсетија колку овој спорт е непредвидлив и опасен.