[ФОТО] Лара Иванова најавува нова песна и поинаков визуелен имиџ кој носи свежа енергија

Точка

28/04/2026

12:13

326

Големина на фонт

а а а

Лара наскоро ќе ја промовира својата најнова песна со видео запис во модерен визуелен стил и свеж музички правец.

Лара неодамна го заврши снимањето на видео записот за својата најнова песна, кој е реализиран во современа продукциска атмосфера и најавува поинаков визуелен пристап, во чекор со актуелните светски трендови.


Новата песна носи свеж звук и силна емоција, додека видеото, како што најавува тимот на Лара, ќе раскаже впечатлива визуелна приказна која дополнително го надградува нејзиниот препознатлив стил.


„Секој нов проект за мене е нов предизвик. Сакам да одам чекор понатаму и да понудам нешто што публиката не го очекува,“ изјави Лара Иванова.


Видео записот моментно е во финална фаза на пост-продукција, а премиерата на спотот се очекува наскоро на YouTube и сите дигитални музички платформи.


Со овој проект, Лара Иванова прави уште еден чекор напред во градењето на својот музички идентитет и најавува период исполнет со нова музика, свежа енергија и креативни изненадувања за својата публика.


Со континуираниот развој и современиот пристап кон музиката и визуелната естетика, Лара Иванова се позиционира како една од највлијателните млади поп-артистки на домашната музичка сцена.