Актерот има 100 години, а оваа комбинација ја јаде секој ден: Омилениот десерт за многумина е задолжителен пред спиење

Точка

27/04/2026

12:32

1.098

Големина на фонт

а а а

Актерот Дик ван Дајк својата долговечност ја препишува на едно овошје и на еден десет.

Сите би сакале да „ѕирнеме“ во тајната на долговечноста и да откриеме што е вистинскиот „рецепт“ за долг и здрав живот.

Секако дека не постои однапред напишано правило и дека сè е комбинации на животен стил, исхрана, но и животна околност и генетика, но тоа не нè спречува да „ѕирнеме“ во животните навики на познатите личности и можеби да „препишеме“ нешто што ни одговара нас.


Легендарниот актер Дик ван Дајк на 13 декември 2025 година наполнил 100 години, а својата долговечност ја припишува на многу работи.

Тој одамна ги отфрлил цигарите и алкохолот од животот и е сигурен дека тоа многу значи.

„Се ослободив од алкохолот и цигарите, сите тие работи поради што веројатно сè уште сум тука“, изјавил Ван Дајк на еден настан кон крајот на ноември.

Освен тоа, постојат две работи кои ги јаде секој ден. Една од нив има смисла, а втората можеби ќе ве изненади.

Што јаде секој ден Дик ван Дајк?

Многу од познатите личности живеат по навика, што е логично со оглед на нивниот распоред. Некои од нив ги јадат истите работи секој ден, како Вили Нелсон и Кејт Мидлтон кои уживаат во истата основна храна за појадок.

Додека секојдневната исхрана на Дик вклучува еден вид овошје и еден вид, за многумина омилен десет.

Актерот обожува да јаде боровинки.


Малото сино овошје е познато како вистинска моќ на антиоксидантите и наводно тоа е причината зошто Ван Дајк сака да го јаде.

И додека боровинките се основна навика за него, постои уште една навика на која тој всушност ја припишува својата младост.

Не се боровинки. Не е дури ни теретана!

Имено, тој верува во лековитата моќ на сладоледот. Поточно, во половина литар сладолед од ванила од „Хаген-Дац“ прелиен со чоколаден сируп, кој го јаде секоја вечер пред спиење.