[ВИДЕО] Столе прерасна во јунак на „Месталја“: Димитриевски достави кандидатура за одбрана на сезоната во 90. минута!

Дерби

26/04/2026

09:53

867

Големина на фонт

а а а

Валенсија се мачи да освои три бода и вчера успеа да дојде до такво нешто на „Месталја“, но тимот на Карлос Корберан мораше да се потпре на сензационалниот Столе Димитриевски за да оствари важна победа.

„Лилјаците“ го добија директниот дуел за опстанок со Џирона и победија со 2:1 на домашен терен, и тоа во натпревар на кој водеа со 2:0, но на кој на крајот спасител беше македонскиот чувар на мрежата.

Валенсија даде два гола преку Рамазани и Садик, Џирона брзо се врати во игра, а во финишот од мечот гостите од Каталонија фрлија се на една карта по реми.


Џирона беше најблиску до израмнување во 90-та минута, но обидот на Стуани го спречи Димитриевски со една вонсериска одбрана.

Столе покажа страшен рефлекс и достави кандидатура за одбрана на сезоната во Ла Лига, особено поради фактот што парадата беше вредна победа и важни три бода на „Месталја“.

Навивачите на Валенсија му оддадоа големо признание на Димитриевски за ѕверскиот потег, а неговата реакција стана и вирална во Шпанија.