[ВИДЕО] Артета се уште има свежи дерби спомени: Хусанов не доби чист црвен картон при резултат 1:1 на „Итихад“!

Дерби

26/04/2026

11:14

123

Големина на фонт

а а а

Арсенал одговори на добар начин на дерби поразот од Манчестер Сити и се врати во посакуван ритам во битката за титулата, иако не блескаше на вчерашниот натпревар на домашен терен.

Избраниците на Микел Артета направија доволно за да слават со 1:0 против Њукасл, но во завршницата од мечот, навистина беше чудно како не го доиграа натпреварот со играч повеќе на теренот.

Голманот Поуп го фаулираше Ѓокереш далеку од голот и доби само жолт картон, а оваа чудна одлука на судијата го натера Микел Артета да нагласи дека слична неправда имало и на „Итихад“ на дербито против Сити.

– Ја гледав ситуацијата со Поуп десет пати, тоа е чист црвен картон. Ако некогаш сте играле фудбал, тоа е црвен картон. Вторпат во два натпревари ни го прават истото.

– Против Манчестер Сити Каи Хаверц излезе сам, а Хусанов го фаулираше. Тоа беше на резултат 1:1, се решава титулата во такви моменти. Тоа е црвен картон момци. Такви детали одлучуваат победници, се надевам дека тоа ќе се смени и во наша корист, – изјави Артета.