Бјути трикови на супермоделите од 90-тите поради кои и денес изгледаат како божици на убавината: Еве како се негуваат Крафорд, Кембел, Еванџелиста...

Точка

25/04/2026

18:19

873

Големина на фонт

а а а

Верувале или не, суштината е во едноставни бјути рутини што дерматолозите постојано ни ги повторуваат: кожата мора да биде чиста, заштитена и хидрирана!

Деведесеттите денес, меѓу другото, се паметат и како ера на супермодели кои го дефинираа поимот за убавина, природни и самоуверени жени кои беа музи на најголемите светски дизајнери и опсесија на голем број луѓе ширум светот.

Славните манекенки во тие денови „излегуваа од фрижидер“, брендовите се натпреваруваа која ќе биде во нивните кампањи, трчаа од ревија на ревија за време на модните недели, а денес не мораат да работат толку, но се подеднакво убави како во своите дваесетти години.

Како што многупати открија во своите интервјуа, тајните на нивната убавина не се некакви брзи трикови со краткотраен ефект, туку доследна нега и здрави навики. Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Линда Еванџелиста и нивните колешки рано морале да воспостават различни рутини, а колку тие биле ефикасни гледаме денес.

Што правеле најубавите жени од 90-тите поинаку?

Синди Крафорд (60): Сувото четкање е задолжително

Сувото четкање на телото е сè попопуларен вид масажа, кој во рамки на ајурведата се практикува со векови, а во последно време е вистински хит.


Синди го применува пред туширање, а понекогаш и додека е под туш.

„На сува кожа користам четка по целото тело и секогаш ја насочувам кон срцето. Така не само што ги отстранувате мртвите клетки од кожата, туку го освежувате телото, го стимулирате лимфниот систем, го намалувате целулитот и ја одмарате кожата“, објаснува Синди.


Наоми Кембел (55): Лицето мора да биде чисто

Ако кога ќе видите фотографија од Наоми Кембел треба добро да се загледате за да бидете сигурни дали е направена пред 30 години или вчера, не сте единствени. И тоа не ѝ дошло само од себе, туку е резултат на внимателна нега на кожата.


Меѓутоа, пред серуми, креми, тоници и лосиони, задолжително е кожата да биде совршено чиста.

„Ја чистам кожата и правам пилинг секој ден, а шминката ја отстранувам секоја вечер“, нагласува манекенката. „За мене хидратацијата е најважна, а сакам кожата да ми изгледа помасна“.


Наоми истакнува дека постојано се грижи за хидратацијата на кожата и користи различни видови маски.

Кристи Тарлингтон (57): Хидратацијата на прво место

Славната американска убавица е една од оние познати манекенки кои не само што ги прифаќаат своите брчки туку гордо ги истакнуваат, а изгледа беспрекорно негувано благодарение на темелна и повеќе од редовна хидратација.


Штом ќе стане наутро, се мие и нанесува хидратантна крема, но тука не завршува нејзината хидратација. Понекогаш овој чекор го повторува веднаш, а најчесто во текот на денот повеќепати ја хидрира кожата. И не само што додава хидратантни производи туку води грижа и за хидратацијата одвнатре, што значи дека пие многу вода.

„Луѓето се смеат кога им го кажувам тоа, но тоа навистина е важно“, нагласува таа.


Линда Еванџелиста (60): Заштитата од сонце е клучна

Популарната убавица во изминатите години имаше многу тешки моменти и се бореше со самодовербата по неуспешен третман за разубавување, но во последно време изгледа подеднакво убаво како во врвот на кариерата.


Откако застана на модната писта па до денес, Линда изградила многу ритуали и правила, но едно секогаш било најважно.


„Секогаш ќе велам: користете заштита од сонце! Потребна нѝ е и за да бидеме побезбедни и од естетски причини. Таа навистина спречува оштетувања. Поради мелазма морав да почнам да ја користам пред повеќе од 20 години, но јас сум голем љубител на кремите со заштитен фактор, дури и во текот на зимата“, истакнува Линда.