Изгасен Инстаграм профилот на момчето од Србија кое со хеклање го освои регионот, се огласи и самиот: „Многу сум тажен, успеаја...“

Точка

25/04/2026

17:26

2.283

Големина на фонт

а а а

Момчето Виктор Митиќ кое ја воодушеви Србија кога почна да хекла килим и за секој нов следбеник додава по една јамка, го освои интернетот кога за помалку од еден месец доби неверојатни 400.000 следбеници.

Сепак, неговиот успех кој, кога станува збор за собирање вистински следбеници, досега никој во Србија не го постигнал, изгледа некому му пречел. Профилот на Виктор е изгасен.

„Изгледа некој ме пријавувал и ми го суспендираа профилот, верувам дека биле љубоморни. Многу сум тажен. Имам нов профил, но се надевам дека можеби ќе успееме да го вратиме и стариот. Продолжувам да го хеклам нашиот најголем килим, тоа е сигурно“, изјавил малиот Виктор за „RINA“.


Откако се појави на интернет, тој привлече огромно внимание кај граѓаните и јавноста. Иако има само 11 години, предизвика многу негативни коментари кои главно се засноваа на тоа дека момчињата не треба да хеклаат.

Но, тогаш се крена вистинска позитивна прашина и многумина застанаа во негова одбрана, а пред сè свештеникот Предраг Поповиќ.

„Виктор е едно прекрасно дете кое, ете, придонесува со талентите што му ги дал Бог. За разлика од своите врсници, каде што повеќето играат игри цел ден и безделничат, ова прекрасно момче направи нешто ново. Плете! Оригинално“, напиша отец Предраг, па потсети дека плетењето всушност е вештина што со векови се учела во манастири, но и во војската“, наведува тој, меѓу другото.