Каде ќе одат парите? Играл лото, починал, па освоил 700.000 евра

Точка

24/04/2026

19:06

1.059

Големина на фонт

а а а

Починат играч на лотарија од германската покраина Рајнланд-Пфалц, на југозападот од земјата, освоил повеќе од 700.000 евра на „Eurojackpot“. Како што соопшти компанијата „Loto24“, маж од округот Вестервалд добил околу 703.600 евра.

Го предал ливчето пред смртта

Овој необичен случај бил овозможен благодарение на активна претплата за лотарија, објаснуваат од „Loto24“.

Според нив, Германецот го поднел добитното ливче додека бил жив, а тоа останало валидно и по неговата смрт.

Добивката била остварена во период кога претплатата сè уште била активна.


Кој има корист од добивката?

Од компанијата посочуваат дека правната ситуација е јасна: добивката станува дел од имотот и преминува кај наследниците.

Постапката на проверка е завршена, а сумата ќе ѝ биде исплатена на вдовицата.


Во лотаријата „Eurojackpot“, играчите избираат пет броеви од 50, плус два дополнителни броја.

Оваа лотарија се игра во повеќе европски земји, а извлекувањето се одржува двапати неделно.