Иран постепено го отвора воздушниот простор и го нормализира авионскиот сообраќај

Макфакс

24/04/2026

10:29

160

Големина на фонт

а а а

Иран постепено го отвора својот воздушен простор и го нормализира авионскиот сообраќај по неодамнешните ограничувања. Во понеделник за сообраќај беа отворени аеродромите во главниот град Техеран, а од сабота се обновуваат и летовите меѓу Техеран и градот Машхад на североистокот на земјата.

Станува збор за дел од четирифазен план за враќање во нормала, кој започнал на 18 април, пренесуваат Тасним, Ал Џезира и ИСНА.

Иранската организација за цивилно воздухопловство официјално потврди дека повторно се отворени аеродромите Имам Хомеини и Мехрабад.

„Дозволата за патнички летови од Меѓународниот аеродром Имам Хомеини и аеродромот Мехрабад е издадена од понеделник“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека „патнички летови од десет аеродроми низ Иран ќе бидат возможни од сабота“.