Сали - Габриел: акцент на проектите во областа на инфраструктурата, енергетиката, животната средина и поддршката за малите и средни претпријатија

Макфакс

24/04/2026

11:49

129

Големина на фонт

а а а

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Република Северна Македонија, Бјорн Габриел.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, енергетиката, животната средина и поддршката за малите и средни претпријатија.

Заменик-претседателот на Владата Сали ја истакна важноста на ЕИБ како клучен партнер во унапредувањето на економскиот развој и поддршката на реформската и интегративна агенда на земјата кон Европската Унија.

Од своја страна, претставникот на ЕИБ, Габриел, ја потврди подготвеноста на Банката да продолжи со поддршката и да го прошири партнерството преку стратешки проекти кои придонесуваат за одржлив развој на земјата.