[ФОТО] Младите македонски хемичари Даниел и Теона освоија бронза на престижната Менделеева олимпијада по хемија, Георгиевска го освои првиот „женски“ медал

Точка

23/04/2026

18:24

352

Големина на фонт

а а а

Македонските средношколци уште еднаш потврдија дека знаењето нема граници. На јубилејното, 60-то издание на престижната Меѓународна олимпијада по хемија „Менделеев“, тие освоија два бронзени медали во силна меѓународна конкуренција.

Натпреварот се одржа во Москва, каде што учесниците ги тестираа своите знаења и вештини и во теоретскиот и во практичниот дел.

Бронзените медали ги освоија Теона Ана Георгиевска, ученичка во IV година во ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје, и Даниел Христов, ученик во IV година во СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип.

Првиот „женски“ медал на Менделеевата Олимпијада по хемија


Денес, 22 април 2026, на 60-тата Меѓународна олимпијада по...

Posted by Схтм Македонија on Wednesday, April 22, 2026

Дел од националниот тим беа и Даниел Христовски од Скопје и Георги Николоски од Прилеп, кои исто така дадоа значаен придонес за успешниот настап.

Овој успех има и дополнително значење – за првпат на ова натпреварување, Македонија освои „женски“ медал, што претставува силен поттик за младите девојки кои се интересираат за природните науки.


Олимпијадата „Менделеев“ се смета за еден од најпредизвикувачките натпревари по хемија, со задачи што често го надминуваат дури и универзитетското ниво. Освојувањето медали во ваква конкуренција претставува значаен успех.

Овие резултати се потсетник за потенцијалот на младите и важноста од вложување во знаењето и образованието.