Екипата на Лацио избори пласман во големото финале на Купот на Италија и тоа откако вечерва успеа да излезе како победник од неверојатната драма против Аталанта во Бергамо.
Првата средба во Рим заврши без победник 2-2, резултат кој значеше дека се е отворено на реваншот, но иако домаќините беа доминантни, упатија скоро 30 удари кон голот на противникот, тие беа оние кои со наведната глава мораа да го напуштат теренот.
Имено Лацио имаш само еден директен шут во рамките на голот на домаќините и истиот заврши во мрежата на Карнезеки. Погодокот беше дело на Ромањоли за водство од 1-0 во 84 минута, но Ла Деа се врати преку Пашалиќ во 86 за 1-1 по регуларниот дел.
Продолженијата не донесоа промена на резултатот, па се тргна кон изведување на пенали, серија во која херој беше гостинскиот голман Мота.
Само Распадори успеа да го матира, надмудри во првата серија, потоа не реализираа Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кателаре, па Лацио само со погодените пенали на Исаксен и Тејлор закажа битка со Интер за трофејот во ова натпреварување.






