Погба откри кога настанале вистинските проблеми меѓу него и Мурињо: Му дојде преку глава од мене

Дерби

22/04/2026

16:42

419

Големина на фонт

а а а

Пол Погба беше гостин во најновото издание на подкастот на Рио Фердинанд и имаше шанса да разговара со својот поранешен соиграч со кого ја делеше соблекувалната во својата прва етапа во Манчестер Јунајтед.

Французинот немаше можност долго да соработува со Фердинанд бидејќи направи трансфер во Јувентус, но неколку години подоцна се врати на „Олд Трафорд“ и доживеа разочарувачки моменти, кои во голем дел произлегоа и од неговиот нарушен однос со Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак со неколку потези јасно му стави до знаење на Погба дека е непосакуван во клубот, а иако Французинот ја преживеа ерата на Португалецот на театарот на соништата, самиот е свесен дека можеше да понуди многу повеќе за тимот во тој период.

– Јас никогаш не сум бил лош пример за никој во соблекувалната, никогаш не сум се расправам и не сум иницирал проблеми со тренерите. Секогаш покажувам максимален респект, бидејќи знам како оди хиерархијата во фудбалот. Тренерите се шефови и тие кажуваат што ќе се прави. Тие одлучуваат дали ќе играте, или не.

– Да бидам искрен, имав навистина добар однос со Мурињо на стартот, си праќавме пораки и слични работи. Тој е навистина интересен и смешен човек и можам да кажам дека навистина е специјален. Сепак, со текот на времето, моите чести повреди креираа нарушување на односот. Сметам дека голема работа завршија и медиумите, кои постојано прашуваа за мене и за моите повреди. Верувам дека му дојде преку глава од мене, – изјави Погба.

Французинот во овој момент е член на Монако и настапува во родната земја, откако претходно направи принудна пауза од фудбалот поради 18-месечна суспензија поради допинг.