[ФОТО/ВИДЕО] Боксерка брутално навредувана затоа што ги извади силиконите, таа одговори шмекерски

Точка

22/04/2026

11:00

1.226

Големина на фонт

а а а

Поранешната австралиска боксерка и „Miss Swimsuit USA“, Аврил Мати, повторно е во центарот на вниманието – но не поради настап во рингот, туку поради драстична промена на физичкиот изглед.

Аврил неодамна на „Instagram“ откри дека ги отстранила имплантите на градите и дека „повторно се заљубила во своето природно тело“. Сепак, нејзините следбеници не беа воопшто среќни.

Под нејзините фотографии се редеа навредливи коментари од оние на кои промената не им се допадна.

„Каде ги остави градите? На паркинг?“, гласеше еден од коментарите, додека друг корисник беше уште поостар:

„Изгледаш како да имаш 12 години … затоа што само дете може да има толку рамни гради. Порамна си од Земјата“.

Мати не им остана должна. На навредата дека изгледа како дете одговори кратко: „Совршено, тоа е токму изгледот кон кој тежнеев“.

Кога еден од следбениците ја праша: „Рамна си како штица, кој би излегувал со тебе?“, Аврил возврати: „Фала му на Бога, барем нема да си ти, ха-ха“.

Аврил, која ги вградила силиконите на само 19 години поради несигурност во сопствениот изглед, објасни дека операцијата за нивно отстранување кон крајот на 2023 година била и стратешки потег за нејзината спортска кариера.

„Првпат во животот, моите подлактици можат истовремено да ја штитат и брадата и телото. Сега ќе можам да удирам директни удари подолго и побрзо, бидејќи имплантите повеќе не ми пречат и не ги туркаат лактите нанадвор“, објасни таа на својот „YouTube“ канал.

Иако моментално е неактивна, Аврил Мати зад себе има импресивна кариера. Во професионалниот бокс има скор од осум победи, еден пораз и едно реми, со три нокаути.

Пред да влезе во рингот во 2012 година, Аврил доминирала на модните писти – во 2014 година ја освои титулата „Miss Swimsuit USA International“, а една година подоцна триумфираше и на престижно моделско натпреварување во Лас Вегас.