Пеп со коментар за виралната порака која ја испрати Рајс по дерби поразот на „Итихад“: Тоа е менталитетот на Арсенал

Дерби

22/04/2026

16:39

504

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола се уште говори со максимален респект за Арсенал како голем ривал за титулата во Премиер лигата, но исто така, дава коментари и за ситуациите кои беа исклучително интересни на последното дерби на „Итихад“.

Шпанскиот стручњак му возврати на Вејн Руни кој порача дека Манчестер Сити претерал со прославата на победата, меѓутоа во интервјуто за „Скај Спортс“, менаџерот на Сити ја искоментира и сцената која стана вирална.

Деклан Рајс како еден од најдобрите играчи на Арсенал испрати јасна порака веднаш по последниот судиски свиреж, односно нагласи дека битката за титулата не е готова и дека ништо не е решено со поразот на „Итихад“.

Токму „Скај Спортс“ ги улови зборовите кои ги изусти играчот за врска, па сега истиот медиум побара и одговор од Пеп на оваа тема.

– Навистина ми се допаѓа, ми се доапдна тоа што го кажам. Затоа Арсенал е таму кадешто е. Го видов видеото по натпреварот и тоа јасно покажува што мисли Рајс.

– Таков е целиот менталитет на Арсенал, се соочивме со нив во повеќе наврати и знаеме колку се конкурентни. Ако не беше така, немаше да бидат на местото на кое се сега во Премиер лигата (први), а немаше да бидат и непоразени во Лигата на шампиони. Тука јасно се гледа дека играчите ја следат пораката на менаџерот Артета, – изјави Гвардиола.