Татко му е Ричард Гир, мајка му е Бондова девојка, а тој – ѕвезда на серијата „Еуфорија“

Точка

21/04/2026

21:36

762

Големина на фонт

а а а

Хомер Џејмс Џигме Гир (26), најстариот син на славниот актер Ричард Гир, го гради својот пат во Холивуд. Гледачите деновиве можат да го гледаат во третата сезона на популарната серија „Еуфорија“, во која го толкува ликот на Дилан Рид. Иако доаѓа од познато актерско семејство, Хомер се труди да изгради сопствено име.

Советите од татко му, му се многу важни

Хомер неодамна за „Entertainment Tonight“ зборувал за својот актерски пат и за советите што ги добива од татко му.


Истакнал дека искуството на татко му со славата и животот во јавноста му е исклучително важно. Како што рекол, Ричард не го советува толку околу самата глума, колку околу тоа како да се носи со вниманието што ги носат успехот и популарноста.


„Не станува збор толку за самата работа, туку за тоа како да се справиш со сè и да останеш приземен“, објаснил тој и додал дека поддршката од татко му, му е многу важна. Иако живеат на различни континенти – Хомер во Лос Анџелес, а Ричард од 2024 година во Шпанија со сопругата Алехандра Силва и нивните синови Александер и Џејмс – таткото и синот се многу блиски и се во контакт секој ден.


„Сакам да поминувам време со мојот син. Без разлика дали шетаме низ шума или заедно правиме нешто добро за други луѓе, секогаш сум среќен кога го гледам“ изјавил Ричард за „Пипл“.

Роден е во бракот на славниот актер и Бондовата девојка

Хомер е роден во февруари 2000 година, во бракот на Ричард Гир и актерката и манекенка Кери Лоуел, позната по улогата на помошничка на обвинителот во серијата „Закон и ред“, но и како една од Бондовите девојките.


Името го добил по своите дедовци – Хомер по таткото на својот татко, а Џејмс по таткото на својата мајка. Средното име Џигме доаѓа од тибетскиот јазик и значи „бестрашен“, што се вклопува во долгогодишната приврзаност на Гир кон будизмот.


Тој пораснал далеку од холивудскиот гламур, меѓу Њујорк и Вестчестер. Посетувал приватно училиште „Hackley“, а потоа на престижниот универзитет „Браун“ дипломирал психологија и визуелни уметности. За време на студиите покажал дека го интересираат повеќе области – учествувал во истражувања од невронауката, но и во студентски филмски проекти.

Глуми во „Еуфорија“, а подготвува и нови проекти

Гир своевремено изјавил дека внимателно ги избирал проектите за да минува што повеќе време со синот додека растел. „За проектите главно одлучувам сам, но многу внимавам да не бидам долго одвоен од Хомер. Ако треба да бидам отсутен подолго време, разговарам со него за тоа и ако му паѓа тешко, не го прифаќам проектот. Семејството ми е поважно од сè“, објаснил актерот.


Денес 26-годишниот Хомер ја гради сопствената кариера. Освен улогата во „Еуфорија“, ќе глуми и во претстојната серија „The Shards“ на Рајан Марфи, снимена според хорор-романот на Брет Истон Елис од 2023 година. Интересно е и тоа што една од неговите колешки во серијата ќе биде манекенката Каја Гербер, чија мајка Синди Крафорд беше во брак со таткото на Хомер од 1991 до 1995 година.


Иако долго време бил надвор од фокусот на јавноста, Хомер во последните години сè почесто се појавува на црвените килими со својот татко. Сега, кога посериозно влезе во актерството, веројатно ќе го гледаме уште почесто.