„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. Без исклучок. Од денес“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.
„Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за сегашните, без одлагање“, додава Зајкова.
Таа бара да се направи увид и доколку некој во моментот кога стапил на функција имал двојно државјанство, веднаш да си поднесе оставка.
😤 🖐🏻 Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии⁉️
Законот треба да важи еднакво за...
Posted by Моника Зајкова - Monika Zajkova on Tuesday, April 21, 2026
„Воедно, пратениците-предлагачи нека побараат оставки од сите министри кои евентуално имаат или имале двојно државјанство во моментот на изборот. Како до вчера било во ред, а сега не е. Или ќе го држат ставот до крај – или ќе бидат обвинети од јавноста за ДВОЛИЧНОСТ. Еве, јас волонтирам – нека почне од моето државјанство. Подготвена сум да заверам изјава пред нотар дека не сум имала друго државјанство“, пишува Зајкова и ги повикува своите колеги пратеници и функционери истото да го направат со проверка и на нотар.







