Сендвичи, тостови, помфрит, мајонез… за 5,3 милиони евра. Толку вреди ланскиот промет на „Седмица“, спакуван во илјадници нарачки од трите скопски сендвичари и ресторанот – бренд што со децении го носи вкусот на првата плескавица од 1987 година, испорачана во седмиот ден од септември.
Од година во година „Седмица“ е сѐ поуспешна. Реализираниот лански промет е за 8,12 насто повисок од прекланските 4,9 милиони евра. Податоците што Пари ги анализира, покажуваат дека последното остварување е подобро и од тоа во 2023 година, кога бил достигнат прагот од пет милиони евра.
Речиси целиот промет – дури 99,27 отсто – доаѓа од продажбата на готови производи. Со други зборови, сѐ што се приготвува, веднаш се продава. Брзо, едноставно и ефикасно. Зголемувањето во најзначајниот дел од работењето е за 8,63 насто, пишува "www.pari.com.mk".

Но, не расте само прометот. Расте и заработката. Нето приходот пред оданочување достигнува речиси 1,2 милиони евра. Компанијата лани обезбедила подобра профитабилност за 12,1 насто во однос на 2024 година. Добивката е солидна ставка во однос на вкупниот промет, што покажува висока бруто-профитна маржа од дури 22,6 насто! Или, во гастрономскиот жаргон, оваа добивка е вистински „чили пипер“ во формирањето на цента на производите.
И движењата кај трошоците се по нагорна линија, но со побавно темпо. Во текот на годината се зголемиле за 7 насто, на 4,1 милион евра. Притоа, најголемиот дел од средствата, од над 61 отсто, завршуваат во набавките на суровини и материјали, потребни за изработка на популарните производи на „7 Фаст фуд“. Од компанијата уверуваат дека плескавиците се направени „од 100% врвно, А класа, јунешко месо“.
Остатокот од текстот прочитајте го на "www.pari.com.mk".












