Артета го најави дербито на „Итихад“: Тоа е сигурно, ќе играме…

Дерби

18/04/2026

13:12

204

Големина на фонт

а а а

Во недела се игра големото англиско дерби, соочување меѓу Манчестер Сити и Арсенал, две екипи кои сезонава се борат за пехарот во Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со плус шест во однос на „граѓаните“ кои имаат еден меч помалку од „топчиите“ што значи дека Сити во идеално сценарио би бил на делба на првото место.

Клубот од северен Лондон во изминатиов период се мачи, нема игра, губи натпревари и ова ќе биде огромен предизвик за нив затоа што на другата страна има состав чија самодверба е на високо ниво, конечно фати ритам, а тука е и податокот кој говори дека Арсенал не знае за славје на „Итихад“ од 2015 година.

-Нема да трошам ниту секунда зборувајќи за тоа. Секој натпревар го подготвуваме за победа, затоа сме таму каде што сме и ќе продолжиме да го правиме истото. Го заслуживме правото да бидеме во оваа позиција, да бидеме предизвикувачки и со можност да трумфираме и можност за победа во недела, веројатно против најдобриот тим и најдобриот менаџер што оваа лига некогаш го видела. Тоа е огромна привилегија и едвај чекаме да го одиграме натпреварот, и ќе го подготвиме натпреварот за да го добиеме, тоа е сигурно, и го гледаме тоа како голема можност за нас, -порача Микел Артета кој даде свое видување и за изјавата на Пеп Гвардиола дека ако тие загубат тука ќе биде крајот за нив во борбата за пехарот.