Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе застане пред олтарот.
Шумахер ќе го изговори судбоносното „да“, и тоа пред милиони гледачи.
Како што пренесуваат германските медиуми, Шумахер во мај ќе се ожени со својот долгогодишен партнер Етјен Буске-Касан, а целиот процес ќе биде дел од телевизиска емисија под наслов „Ралф и Етјен: Кажуваме Да“.
Станува збор за проект кој ќе им овозможи на гледачите увид во нивниот приватен живот, односот и подготовките за брак. Низ неколку епизоди ќе бидат прикажани детали од нивното секојдневие, како и сè што ѝ претходи на самата церемонија.
„Оваа емисија го прикажува нашиот заеднички пат, како живееме, работиме и функционираме како пар“, изјави Шумахер.

Реалити форматот ќе има четири епизоди, а емитувањето започнува во мај, кога е планирано и финалното издание во кое ќе биде прикажана самата венчавка. Церемонијата ќе се одржи во познатото летувалиште Сен-Тропе.
За Шумахер ова ќе биде втор брак. Од претходната врска со Кора Бринкман има син, а нивниот однос завршил пред повеќе од десет години.










