"DM drogerie markt" добитник на признанието „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

Точка

17/04/2026

17:18

133

Големина на фонт

а а а

Компанијата dm drogerie markt е добитник на признанието „Работодавач на годината 2025“ во категоријата трговија на мало, кое го доделува порталот Vrabotuvanje.com, во рамки на настанот „Најпосакуван работодавач“. Станува збор за годишен избор што се спроведува врз основа на јавно мислење и анкета. Гласањето е јавно и транспарентно, а интересот оваа година резултираше со над 27.000 гласови од повеќе од 9.000 гласачи.

Ова признание претставува значајна потврда за определбата на dm континуирано да гради работна средина во која вработените се во центарот на вниманието, со силен фокус на доверба, развој, отворена комуникација и меѓусебна почит.

- Ова признание за нас е исклучително значајно, бидејќи претставува потврда дека патот по кој чекориме со јасни вредности и силен фокус на луѓето е вистинскиот. Во dm веруваме дека вистинскиот успех започнува однатре, од мотивираните и посветени вработени. Затоа континуирано вложуваме во развој, доверба, отворена комуникација и работна средина во која секој има можност да расте професионално и лично. Оваа награда им припаѓа пред сè на нашите колешки и колеги, кои секојдневно ја живеат dm културата и со срце создаваат вредност – изјави Тамара Трајковска, од одделот за човечки ресурси во dm.


Во dm, грижата за вработените се реализира преку конкретни практики и поволности што придонесуваат за професионален развој и подобар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. На вработените им се овозможени 13 и 14 плата, односно регрес за годишен одмор и дополнителна плата пред божиќните празници. Дополнително од оваа година, на вработените им се на располагање и меѓу 22 и 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

dm континуирано вложува во професионалниот развој на вработените преку разновидни обуки и едукации приспособени на различни нивоа на искуство и курсеви по германски јазик, во согласност со барањата на работното место. Приспособливите модели на работа, како што се флексибилно работно време, можноста за работа од дома за позициите што го дозволуваат тоа, како и скратеното работно време во секторот за продажба дополнително придонесуваат за одржување на балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот.


Посебно внимание е посветено на семејството на вработените преку многубројни иницијативи, како што се креативните програми за деца и слободен ден за тргнување на детето во прво одделение.

Наградите што се доделуваат во организација на Vrabotuvanje.com.mk и Alma Career, се дел од поширокото годишно истражување за најпосакувани работодавачи во земјата, кое ги опфаќа перцепциите на јавноста за компаниите како места за работа, како и причините поради кои одредени компании се издвојуваат како привлечни работодавачи.