Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи соопшти дека Ормускиот теснец е целосно отворен за сите комерцијални бродови за време на траењето на примирјето во Либан.
Пловидбата, како што е наведено, ќе се одвива по рутата утврдена од иранската Организација за пристаништа и поморство.
Одлуката доаѓа во пресрет на состанокот на европските лидери посветен на деблокада на овој клучен енергетски коридор.
На веста од Техеран реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп.
На својата платформа Truth Social тој порача: „Иран штотуку објави дека теснецот е целосно отворен. Ви благодарам!







