Артета: Правиме чекори кои не се направени во овој клуб 140 години

Дерби

16/04/2026

15:48

260

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја исполни цел и успеа да дојде до полуфиналето на Лигата на шампионите каде ги очекува двомеч со шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

Премиерлигашот одигра уште еден тврд меч со Спортинг, соочување на кое овојпат не успеа да го скрши отпорот на ривалот (0-0), па она славје во Лисабон остварено со голот на Хаверц во 90 минута се покажа како клучно да се мине четвртфиналната рунда во натпреварувањето.

Меѓутоа „топчиите“ одново не се прославија со играта, но менаџерот Микел Артета не сака да се фокусира на истото.

-Ова е огромна работа. За прв пат во нашата историја, по 140 години, стигнавме до полуфиналето двапати по ред, да се биде дел од тие четири тима е нешто многу посебно. Мора да се заслужи тоа. Мора да се работи напорно. Благодарност до играчите. Во последните 15, 20 минути ја контролиравме играта многу добро. Се поставивме во последната третина. Изгледавме смирени, се чинеше дека ја контролиравме транзицијата, освен последната. Сè на сè, беше одлична вечер. Среќен сум за сите наши момци, -рече Шпанецот.

-Сè се сведува на последниот чекор. Преземаме чекори што не се преземени во овој клуб 140 години, играчите заслужуваат признание за сè што прават. Она што ме радува е што играчите ја презедоа одговорноста по поразот од Борнмут. Седнаа, анализираа, разговараа лице в лице. Реагираа, а тоа мора да се прави на теренот. Можеме да кажеме убави работи во соблекувалната, но мора да ги претвориме тие зборови во дела, и тоа сигурно го направивме, -дополни Артета кој даде краток коментар и за наредниот ривал.

-Ги гледав во вторникот. Стадионот е посебен. Ова се моментите што сакаме да ги доживееме заедно како тим, сега ќе се подготвиме за првенството, а потоа ќе размислуваме понатаму, -заврши предводникот на „топчиите“.