Станишиќ се пожали од играч на Реал: Ако е маж нека признае што ми кажа на теренот!

Дерби

16/04/2026

17:58

451

Големина на фонт

а а а

Јосип Станишиќ го играше првото полувреме од епскиот спектакл меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, а токму тој беше фаулиран во акцијата која на крајот заврши со гол на гостите за 2:3.

Десниот бек не доби прекршок и ситуацијата не беше прегледувана од ВАР бидејќи започна сосема нова акција, но бидејќи беше фаулиран од Ридигер, по крајот на мечот откри дека бил и непотребно навредуван од ривалот.

Станишиќ не излезе на теренот во вториот дел и беше заменет од Алфонсо Дејвис, но Хрватот без проблеми го славеше пласманот во полуфиналето и големата победа со резултат 4:3.

– Не сакам да зборувам за вакви работи после победа, но кога прашувате, би ви кажал дека е попаметно да го прашате него. Тоа што го направи е целосно неприфатливо.

– Изговори еден ист збор два пати, а јас не сакам да го изговорам. Може слободно да го прашате што кажал, да видиме дали е маж да признае што кажа. Јас не сум некој што сака зла крв на теренот, не го сфаќам ова лично, но сметам дека зборот кој го употреби е неприфатлив, – изјави Станишиќ.