[ФОТО] Супер важен потпис во Дортмунд: Секогаш го слушам мојот внатрешен глас…

Дерби

10/04/2026

21:20

207

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд ќе остане без титула во оваа сезона, но ќе го задржи статусот на втор најдобар клуб во Германија по Баерн Минхен.

„Милионерите“ ќе треба добро да се потрудат за да ги симнат „баварците“ од врвот, а еден од потезите за тоа е да се задржат најдобрите играчи. Токму таков е Нико Шлотербек кој конечно одлучи да стави крај на сагата и тоа со потпис на нов договор до 2031 година.

Германецот во изминатиов период се поврзуваше со повеќе клубови Реал Мадрид, Барселона, дел од премиерлигашите…и едноставно долго се развлече работата околу конечната одлука за да на крајот конечно пресече и се обврзе на остане и да биде лидер на овој проект.

-Секогаш велев дека го слушам својот внатрешен глас и ги одмерувам работите. Сега дојдов до заклучок дека продолжувањето на мојот договор е вистинскиот потег за мојата кариера. Сега имам 26 години и морав да донесам фундаментална одлука.

-Всушност, знаев што имам во овој клуб и што ќе продолжам да имам тука во иднина. Затоа сега решив да останам во БВБ. Апсолутно сум воодушевен што го продолжувам мојот договор тука.Секако, мојата цел е да освојам титула. И секако сакам да освојам титули со БВБ, -порача стоперот кој годинава има одиграно 31 средба во сите конкуренции со учинок од 4 гола и 2 асистенции.