Синот на Анчелоти најави бразилски играч кој ќе блесне на СП: Тој е неверојатен талент

Дерби

10/04/2026

13:25

293

Големина на фонт

а а а

Бразилската репрезентација ќе биде меѓу фаворитите за највисок пласман на СП 2026, а синот и асистент на селекторот Карло Анчелоти типува дека еден фудбалер на „селесао“ ќе биде најголемо изненадување на мундијалот.

Италијанецот зборувал пред медиумите за мундијалскиот предизвик и го истакнал Естевао како играч кој може да предизвика најголемо внимание на СП.

– Фудбалерот кој ќе ве изненади најмногу е играч кој и не е во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

– Имаме многу офанзивни фудбалери, различни профили на играчи, но ако треба да издвојам некого, тоа е Естевао, кој има неверојатен напредок.

– Тој е неверојатен талент и според мене може да доминира во Европа наредните години, – рекол Анчелоти.

Естевао дебитираше за сениорската репрезентација на 17-годишна возраст и веќе има 5 голови за националниот тим.