[ВИДЕО] Бисквит кој не се пече: Тортата „Бел ангел“ е кремаст десерт што можат да го подготват и почетници

Точка

09/04/2026

14:20

289

Големина на фонт

а а а

Ако сакате кремаст, а лесен десерт со бисквит, задолжително испробајте ја тортата наречена „Бел ангел“. Она што ја олеснува подготовката на овој десерт е тоа што нема да треба да го печете, туку можете да искористите т.н. розен кори.

Рецептот го пронајдовме на Јутјуб каналот „Natašine slastice“, каде што можете да најдете одлични идеи за различни десерти.

Потребни состојки:

- едно пакување розен кори
- еден литар млеко
- четири пудинга од ванила
- 150 грама шеќер
- 200 грама бело чоколадо
- 400 милилитри павлака за шлаг

За декорација ќе ви бидат потребни уште 500 милилитри павлака за шлаг.

Подготовка:

Во помал сад истурете 200 милилитри млеко, пудинг и шеќер, па измешајте. Остатокот од млекото истурете го во тенџере да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од ринглата. Додадете ја смесата од пудинг, шеќер и млеко, па промешајте.

Гответе го пудингот според упатството, а кога е готов, додадете бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Смесата префрлете ја во сад и покријте ја со проѕирна фолија за да не се создаде кора. Оставете да се излади.

Додека пудингот се лади, во друг сад изматете ја павлаката за шлаг. Потоа, со миксер кратко изматете го и пудингот, па соединете го заедно со шлагот.

Следува редење на состојките. Прво ставете кора, па распоредете дел од кремот од пудинг. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките, но важно е да завршите со слој крем. Кога ќе завршите, оставете ја тортата да се излади, а потоа украсете ја со изматена павлака за шлаг.