[ФОТО] На нејзината убавина не одолеа ни Леонардо Дикаприо - сега го покажа најнежното издание: Моќен и едноставен изглед кој привлекува погледи

Точка

09/04/2026

07:42

1.443

Големина на фонт

а а а

Актерката Камила Мороне, но и поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, ги привлече сите погледи на јавноста со својата едноставна, но моќна комбинација на облека.

Камила Мороне неодамна се појави во емисијата „Во живо со Кели и Марк“ за да ја промовира серијата на Нетфликс „Нешто многу лошо ќе се случи“. За оваа посебна пригода, таа носеше дискретен, но моќен фустан од брендот „Гучи“.


Како што можете да видите, станува збор за нежно парче чипка, а е дел од колекцијата на „Гучи“ за пролет/лето 2026. Овој фустан е украсен со препознатливиот цветен дезен, но и со дизајн кој комбинира суптилна елеганција и привлечно деколте.

Фустанот ја истакнува витката фигура на Камила, а бојата одлично се вклопува со нејзиниот тен. Изданието го комплетирала со отворени потпетици во црна боја, потпишани од „Парис Тексас“, модел Лидија.

Сјајниот финиш на овие високи потпетици бил доволно впечатлив за очите на јавноста, но не го одвлекувал вниманието од остатокот од облеката.


Да ве потсетиме дека Камила Мороне и Леонардо Дикаприо беа во врска четири години и сите тогаш се надеваа дека актерската двојка ќе ја формализира својата врска со брак.

Сепак, раскинувањето на врската се случи во 2022 година, а многу светски медиуми во тоа време пишуваа дека познатиот актер раскинал со неа поради возраста. Таа имала 25 години во времето на раскинувањето.