Ристовски со хит изјава: Бруно е максимално посветен и го следи првенството во Босна

Дерби

09/04/2026

10:51

184

Големина на фонт

а а а

Стефан Ристовски негува големо пријателство со Бруно Фернандеш од деновите кога двајцата играа за Спортинг, а токму капитенот на Манчестер Јунајтед беше еден од оние кои му испратија емотивна порака на поранешниот македонски капитен кога почина неговата мајка.

Фернандеш во повеќе наврати со своите реакции на социјалните мрежи демонстрирал колку многу го почитува дефанзивецот, па поради него, сега ја следи и најсилната босанска лига.

Во период кога Босна и Херцеговина доживува вистински сон поради пласманот на Светско првенство, доста популарна стана и изјавата на Македонецот, кој на јавноста и откри дека Бруно го следи шампионатот во нивната земја.

– Бруно ја следи босанската лига. Ми вели: Зарем мислиш дека нема да те следам каде играш…..

– Тоа го правеше и кога бев во Динамо. Тој го сака фудбалот, максимално е посветен и не е случајно што ја носи капитенската лента на таков голем клуб, – изјави Ристовски.

Десниот бек од оваа сезона настапува во Босна како член на Сараево, а неговиот тим во моментов е на третото место на табелата.